Откако пратката ќе ви биде доставена, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот
077502267 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот.
Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата [email protected]
Поврат на средства
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Goodgood.mk има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку NLB банка што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Сите трошоци поврзани за поврат на производ одат на терет на купувачот односно се задржува износот за поштарината за првото враќање, износот за повторното враќање како и износот кои деловната Банка го наплаќа на goodgood.mk согласно важечкиот ценовник. Доколку вредноста на вратениот производ е поголема од овие трошоци, разликата оди на терет на купувачот.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.